СИТЕ КАТЕГОРИИ
ВКУПНО 6241 ПРОИЗВОДИ
Навигација

BIOAPIGYN Маст за тонус на мускулите на карличното дно 50 ML

brands

SKU: APIH-4

ден

Нема залиха
Нема залиха
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
SKU: APIH-4 Категорија:

Опис

СОСТАВ: мед, пчелен восок (Cera alba); глицерол. маслени екстракти од растителни видови:
надземен дел од русомача (Capsella bursa-pastoris L.), лист од коприва (Urtica diodica L.), кора од храст
(Quercus robur L.), лист од жалфија (Sativa officinalis L.), надземен дел од столисник (Achillea millefolium L.),
лист и стебло од врхута (Alchemilla vulgaris L.), цвет од невен (Calendula officinalis L.), цвет од камилица
(Matricaria chamolilla L.), лист од широколистен трпут (Plantago major L.), лист од маслинка (Olea europaea L.),
етерично масло од австралиски чаеви (Melaleuca altenifiolia), темјан (Timus vulgaris ct. thymol) и оригано
(Origanum vulgare).
ИНДИКАЦИИ: Bioapigyn маст за тонус на мускулите на карлицата е индицирана при:
 Несакано истекување на урина при напор или вежбање, или кивање и кашлање,
 Несакано губење на урина на која претходи нагла и голема желба за испуштање на урина,
 Несакано истекување на урина поврзано со симптоми на ургенција, како и истекување
на урина при напор или вежбање, или кашлање и кивање,
 ноктурија
 ретенција на урина,
 вагинален исцедок,
 сувост на вагината,
 диспареунија,
 непријатен вагинален мирис,
 иритација, печење, свраб, едем во регијата на вагината и матката.
НАМЕНА: Bioapigyn маст за тонус на мускулите на карличното дно наменета е за ублажување
на симптомите на стресна, ургентна мешана инконтиненција кај жени постари од 18 години, посебно за
жени во менопауза/постменопауза, карактеризирани со несакано истекување на урина при напор или
вежбање, или кивање или кашлање, несакано губење на урина на која претходи нагла и голема желба за
испуштање на урина, нескано истекување на урина поврзано со симптоми на ургенција, како и истекување
на урина во тек на напор или вежбање, или кивање или кашлање, ноктурија, ретенција на урина. Ова
медицинско средство исто така е наменето за ублажување на симптоми на вулво-вагинални проблеми
причинети со покачување на pH на вагината, карактеризирани со исцедок, сувост на вагината, диспареунија,
непријатен вагинален мирис, иритација, печење, свраб, и едем во вулво-вагиналната регија.
ДЕЈСТВО: Bioapigyn маст за тонус на мускулите на карличното дно ги убважува симптомите на
инконтиненција по пат на физичко-механички пат со контракции и со релаксација на мазните мускули на
дното на карлицата поради присуство на состојки кои потикнуваат контракција/релаксација и делуваат
адстригентно, што резултира со затегнување и зацврстување на мазните мускули на дното на карлицата и
постепено се доведува до ублажување на симптомите на инконтиненција, посебно кај жени во
менопауза/постменопауза. Поради физичките параметри како што се ниска pH, висока осмоларност, висока
вискозност и масност, емолијентно својство и ниска активност на вода, Bioapigyn маст за тонус на мускулите
на карличното дно резултира со ублажување на симптомите на вулво-вагиналните проблеми како што се:
 создавање на неповолни услови за раст, адхезија и репликација на патогените
 создавање на заштитен слој на вагиналната слузница, овозможувајќи нејзино
заздравување и спречување на понатамошна иритација.
 ублажување на вагинална сувост, поради присутност на хумектанти (глицерин и мед)
 превенција на болка во текот на однос поради лубрикантното дејство и создавање на
заштитен слој.
ПАКУВАЊЕ: Туба со 50 мл маст во картонска кутија.
КОНТРАИНДИКАЦИИ: Не се познати
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Не користете Bioapigyn маст за тонус на мускулите на карличното дно ако сте
бремени и ако доите. Препорачана дневна доза не смее да се пречекори. Не користете во случај на
преосетливост на било која состојка на производот.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА: Со апликаторот внесете 2,5 мл. маст што подлабоко во вагината,
најдобро навечер пред спиење. Употребувајте континуирано 30 дена. Потоа по потреба користете 2-3 пати
неделно следните 8 недели. По секоја употреба на апликаторот одвоите го од маста и исчистете со топла
вода и детергент. Исто така нанесете ја маста со чисти прсти во тенок слој на надворешните делови на
гениталиите.
РОК НА ТРАЕЊЕ: Втиснат на кутијата и се однесува на оригинално затворен и чуван производ. По отварањето
производот е сигурен за употреба во наредните 3 месеца.
НАЧИН НА ЧУВАЊЕ: На темно место, на температура под 25 ° C, подалеку од дофат на деца.

Дополнителни информации

brands

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Спореди