СИТЕ КАТЕГОРИИ
ВКУПНО 6256 ПРОИЗВОДИ
Навигација

MARISOL JET спреј за нос 120ml

brands

SKU: ESSN-89

ден

Нема залиха
Нема залиха
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
SKU: ESSN-89 Категорија:

Опис

Marisol Jet е хипертоничен спреј за нос со морска вода која доаѓа од заливот Канкал во Франција и се одликува со исклучително висока чистота и квалитет (Класа А). Marisol Jet претставува целосно природен деконгестив кој овозможува механичко чистење и ослободување на горните дишни патишта, како и намалување на отокот на мукозните мембрани.

Процент на натриум-хлорид во Marisol Jet спрејот е 2,2%.

Marisol jet е 100% природен, на база на морска вода богата со минерали, без конзерванси. Има силен деконгестивен ефект, благодарение на хипертоничните својства. Ја навлажнува и регенерира назалната слузница и со испирање ги отстранува алергените и честичките од надворешната средина кои доведуваат до иритација.  Marisol jet има ергономски апликатор кој овозможува едноставно и комфорно користење.

Marisol Jet со деликатно распрскување може да се користи секојдневно и погоден е за примена кај бебиња веќе од 3 месеци и за деца.

Хипертоничните раствори делуваат на тој начин што ги кинат јонските врски на слузта, и на тој начин го намалуваат вискозитетот на секретот и ја апсорбираат водата од мукозата и субмукозата, намалувајќи го отокот на ѕидовите на респираторниот тракт.

Процентот на натриум-хлорид во  Marisol Jet е 2,2%.

Токму оваа концентрација на сол обезбедува моќен осмотски ефект, со кој вишокот на течности од слузницата на носот се отстранува, и последователно се намалува отокот на назалната мукоза, што резултира со олеснето дишење. Marisol Jet го поттикнува рефлексот на кашлање и исфрлање на секрет, со што се елиминира бронхијалната слуз и се намалува опструкцјата на респираторниот тракт.

Marisol Jet хипертоничниот раствор со морска вода во спреј  се препорачува кај :

  • Затнат нос
  • Течење на нос
  • Инфекција на параназалните синуси и назофарингеалната слузница
  • Синузитис
  • ‘Рчење и зарипнатост предизвикани од сува слузокожа на носот
  • Сувост на носот
  • ОРЛ заболувања кај деца и возрасни, како помошна терапија

Дополнителни информации

brands

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Спореди