СИТЕ КАТЕГОРИИ
ВКУПНО 6241 ПРОИЗВОДИ
Навигација

НБЛ Пробиотик Кидс x30

brands

SKU: NBL-16

ден

Нема залиха
Нема залиха
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
SKU: NBL-16 Категорија:

Опис

  1. ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ПРОБИОТИК КИДС И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Името на овој производ е НБЛ ПРОБИОТИК КИДС. Секоја таблета за џвакање содржи 67,5 mg фруктоолигосахариди, 2,3 x 109 cfu пробиотски микроорганизми (Streptococcus thermophilus, Lactobacillus plantarum, Bifidobacterium longum, Bifidobacterium breve).

 

НБЛ ПРОБИОТИК КИДС содржи пробиотски микроорганизми.

 

Фруктоолигосахаридите практично не се варат во човечкиот дигестивен систем, па поради тоа пристигнуваат во дебелото црево непроменети, обезбедувајќи добар извор на храна за корисните бактерии, ја зголемува популацијата на бифидобактерии во дебелото црево и делуваат како несварливи влакна во исхраната.

Пробиотиските микроорганизми помагаат во регулирањето на дигестивниот тракт и го поддржуваат имунолошкиот систем.

Пробиотиците се живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежата на цревната микрофлора.

 

НБЛ ПРОБИОТИК КИДС е погоден за употреба при обновување на цревната микрофлора.

НБЛ ПРОБИОТИК КИДС има поволен ефект врз имунолошкиот систем.

НБЛ ПРОБИОТИК КИДС го скратува времетраењето на една епизода на дијареа (течна столица).

НБЛ ПРОБИОТИК КИДС помага за регулирање на дигестивниот систем и го поддржува имунолошкиот систем.

 

  1. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ, ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ НБЛ ПРОБИОТИК КИДС

Не употребувајте го НБЛ ПРОБИОТИК КИДС:

  • Ако сте алергични (хиперсензитивни) на активните супстанции или некоја од состојките на НБЛ ПРОБИОТИК КИДС.

 

Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.

Овој производ не можат да ја замени нормалната исхрана.

Овој производ е наменет за деца од 4 до 10 годишна возраст.

Овој производ не е лек.

Не се употребува за превенција или третман на болест.

Прекумерна употреба може да доведе до лаксативен ефект.

Содржи засладувач.

Може да содржи траги од соја.

 

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате или сте земале било кои други лекови, вклучувајќи ги и лекови кои се земаат без рецепт.

 

Употреба на НБЛ ПРОБИОТИК КИДС со храна, пијалоци и алкохол

Не конзумирајте алкохол пред или после употреба на НБЛ ПРОБИОТИК КИДС.

 

Бременост и доење

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било какви лекови.

  • Ако сте бремени или доите, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да почнете со употребата на овој производ.

 

Доколку забремените за време на употребата на овој производ, веднаш консултирајте се со Вашиот лекар.

 

Возење и употреба на машини

Не се изведени студии за влијанието врз способноста за возење и управување со машини. Ве молиме внимавајте додека возите или управувате со машини додека не дознаете како овој производ влијае на вас.

 

Важни информации за некои од состојките на НБЛ ПРОБИОТИК КИДС

НБЛ ПРОБИОТИК КИДС може да содржи траги на соја.

Содржи вкус на меко. Не го употребувајте овој производ ако сте алергични на млеко и на некоја од компонентите на млекото.

 

  1. КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ НБЛ ПРОБИОТИК КИДС

За перорална употреба.

 

Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.

 

НБЛ ПРОБИОТИК КИДС се зема перорално.

 

Се препорачува да се зема еднаш дневно наутро или навечер преку џвакање или со чаша вода после оброк.

Вашиот лекар ќе одлучи како да го употребувате НБЛ ПРОБИОТИК КИДС.

Овој производ е наменет за  деца од 4 до 10 годишна возраст.

 

Времетраење на користењето

Освен ако Вашиот лекар не Ви препорачал поинаку, Ве молиме следете го упатството.

Вашиот лекар ќе Ве информира за периодот на употреба на НБЛ ПРОБИОТИК КИДС.

 

Ако сте земале повеќе НБЛ ПРОБИОТИК КИДС отколку што треба

Ако сте земале повеќе НБЛ ПРОБИОТИК КИДС отколку што треба, кажете му на Вашиот лекар или фармацевт.

 

Ако сте заборавиле да земете НБЛ ПРОБИОТИК КИДС

Ако сте заборавиле да ја земете дозата, земете ја веднаш штом се сетите, не земајте двојна доза за да ја надоместите заборавената индивидуална доза.

 

  1. МОЖНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

НБЛ ПРОБИОТИК КИДС може да предизвика несакани ефекти, кои не се јавуваат кај сите луѓе.

Не сите несакани ефекти пријавени за овој производ се вклучени во ова упатство. Ако Вашето општо здравје се влошува или ако имате некаков ефект додека го земате овој производ, веднаш прекинете со употребата и консултирајте се со Вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник за совет.

 

  1. ЧУВАЊЕ НА НБЛ ПРОБИОТИК КИДС

Чувајте го на температура под 25 °C, во оригиналното пакување.

 

Чувајте го на места кои се недостапни за деца.

 

Не го користете го НБЛ ПРОБИОТИК КИДС по истекот на рокот кој што е означен на пакувањето.

 

Препорачаниот рок на употреба е означен на кутијата како месец/година.

 

  1. СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО И ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи НБЛ ПРОБИОТИК КИДС

  • Секоја таблета за џвакање НБЛ ПРОБИОТИК КИДС, содржи 67,5 mg фруктоолигосахариди, 2,3 x 109 cfu пробиотски микроорганизми (Streptococcus thermophilus, Lactobacillus plantarum, Bifidobacterium longum, Bifidobacterium breve).
  • Останати состојки: засладувач (изомалтоза, ксилол, сорбитол), агенс за зголемување на количина (микрокристална целулоза), пченкарен скроб, вкус на јогурт, витамин Ц (L-аскорбинска киселина), агенс за згуснување (хидроксипропил метилцелулоза), агенс против стврднување (магнезиумови соли на масни киселини) и вкус на млеко.

 

Како изгледа НБЛ ПРОБИОТИК КИДС и содржина на пакувањето

НБЛ ПРОБИОТИК КИДС се наоѓа во промет спакуван во кутија која содржи 30 таблети за џвакање.

Дополнителни информации

brands

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Спореди